НОВА СПОРТСКА САЛА И ОБИКОЛНИЦА ЗА КРУШЕВО Николоски најави инфраструктурен бум и подобрување на туристичката понуда

На Крушево му треба развој, туризам и нови проекти. Со идниот градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Нико Чонески, ќе го развиеме градот, ќе изградиме обиколница, нова спортска сала и ќе ги реконструираме патните правци кои го поврзуваат Крушево - истакна министерот Николоски.

134

Крушево наскоро ќе добие нова мултифункционална спортска сала, обиколница и реконструирани патишта што ќе го поврзуваат градот со околните места — најави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, на денешните средби со граѓани.

– На Крушево му треба развој, туризам и нови проекти. Со идниот градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Нико Чонески, ќе го развиеме градот, ќе изградиме обиколница, нова спортска сала и ќе ги реконструираме патните правци кои го поврзуваат Крушево – истакна Николоски.






Според него, преку Јавното претпријатие за државни патишта ќе се реализираат четири големи проекти што ќе овозможат подобра пристапност до градот.

– Едниот е целосна рехабилитација на регионалниот пат од Кривогаштани до Крушево, вториот е рехабилитација на делницата од Долно Сладуево до Крушево, во должина од 20 километри. Третиот проект е асфалтирање на патот од Пуста Река до селото Цер, што ќе ја поврзе општината Крушево со Кичево. Со тоа, двата главни влеза кон градот ќе бидат целосно обновени – рече Николоски.

Тој додаде дека преку Министерството за транспорт и врски се спроведуваат и локални инфраструктурни зафати во самиот град.

– Во завршна фаза е уредувањето на улиците Кочан Миленку и Манчу Матак. Очекуваме следната недела да се постави хоризонтална и вертикална сигнализација и улиците да бидат пуштени во употреба. Од првиот повик се реконструира општинскиот пат од село Врбец до Митрени и патот во Јекреново, а од вториот повик со идниот градоначалник ќе изградиме пристапна улица до скијачките терени во Крушево, што ќе придонесе за развој на зимскиот туризам – нагласи тој.

Еден од најзначајните проекти, според Николоски, е изградбата на долгоочекуваната обиколница, чија прва фаза вреди околу еден милион евра.

– Овој проект е ветуван со години, но никој не го реализирал. Ние ќе го направиме тоа, заедно со градоначалникот Чонески – рече Николоски.

Посебен акцент стави и на изградбата на нова мултифункционална спортска сала, која ќе биде наменета за подготовки на националните репрезентации во различни спортови.

– Крушево заслужува современ спортски објект. Со новата сала ќе може да се одржуваат подготовки и натпревари, што ќе го направи градот уште поатрактивен и за спортски туризам – додаде министерот.

Николоски порача дека Крушево ќе влезе во нова развојна фаза.

– Со идниот градоначалник ќе работиме на бројни проекти што ќе го вратат сјајот на Крушево. Убеден сум дека во недела ќе имаме голема победа, дека промените што започнаа во државата ќе се случат и овде, и дека заедно ќе ја развиваме општината – изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини