Нова силна експлозија во фабриката „Слобода“ во Чачак – тројца повредени, наредена е евакуација (ВИДЕО)
Најпрво се слушнале неколку послаби детонации, а градоначалникот на градот веднаш наредил евакуација на граѓаните кои живеат во околината на фабриката.
Нова силна експлозија се случи денеска во фабриката „Слобода“ во Чачак, Србија, а тројца работници се повредени, јавуваат српските медиуми.
Најпрво се слушнале неколку послаби детонации, а градоначалникот на градот веднаш наредил евакуација на граѓаните кои живеат во околината на фабриката.
Според д-р Александар Пајовиќ, директор на Здравствениот дом во Чачак, повредените работници биле пренесени во Општата болница во Чачак.
Портпаролот на болницата, Билјана Кочовиќ, изјавила дека повредите не се животозагрозувачки.
– Засега сите се со полесни телесни повреди. На двајца од повредените во моментов им се дијагностицираат, но според она што го видовме, тие се со полесни телесни повреди и сите ќе бидат задржани во болница, без оглед на видот на повредата – рекла Кочовиќ.