Нова романса: Бредли Купер е во врска со оваа позната пејачка?!

2,295

Откако раскина со манекенката Ирина Шајк, актерот Бредли Купер е мета на бројни убавици. Се шпекулираше дека тој е во врска со пејачката Леди Гага, со која соработуваше на филмот „Sвездата е родена“, а нивниот настап на церемонијата на Оскарите предизвика големо внимание поради хемијата на сцената.

Поради сето тоа, се шпекулираше дека Леди Гага е главниот виновник за крајот на врската помеѓу Шајк и Купер, според многумина најубавата, холивудска двојка, сепак, се чини дека нејзината улога била сосема поинаква.






Сега се појави веста дека Бредли е во врска со британската пејачка Адел и дека Леди Гага кумувала на ова запознавање.

Наводно ги запознала Леди Гага, која е нивна заедничка пријателка, а помеѓу нив веднаш се појавиле искри.

Иако се шпекулираше дека Адел е во романтична врска со британскиот рапер Скепта, со кого е добра пријателка многу години, таа неодамна истакна дека е повторно сингл.

„Magazin New Idea“ пишува дека Бредли Купер, е и понатаму е официјално соло.

 

File:Adele - Live 2016, Glasgow SSE Hydro 03.jpg - Wikimedia Commons

Поврзани содржини