Нова надеж во третманот на ковид-19! Направен е лек кој спречува потежок тек на болеста и потребно е брзо одобрување

Како имунолог, би сакал да ве потсетам дека ако немавме вакцини против сипаници и други болести, човештвото ќе исчезнеше - рече Пенингер

769

Австрискиот генетичар Јозеф Пенингер разви лек што може да спречи потешка форма на заболување од вирусот ковид-19 и сега апелира до властите да го забрзаат процесот на одобрување.

Лекот „APN01“, развиен од Пенингер и произведен од виенската фармацевтска компанија „Apeiron Biologics“, според зборовите на претседателот на Лекарската комора на Австрија, Томас Секереш, може да донесе нова надеж во лекувањето од коронавирусот.






– Клиничката студија е завршена. Треба да ги имаме сите податоци до средината на февруари – рече Пенингер и посочи дека темпото на влегување на пазарот не зависи само од науката, туку и од политиката и надлежните органи.

– Со вакцините, сè одеше многу брзо. Ние би сакале да се примени слично темпо при одобрувањето на лекови – рече Пенингер, нагласувајќи дека за време на пандемијата се потребни и лекови, за чиј развој, како што вели, енергично треба да се поттикнува и ЕУ.

Сепак, тој забележува дека лековите не можат да ги заменат вакцините.

– Како имунолог, би сакал да ве потсетам дека ако немавме вакцини против сипаници и други болести, човештвото ќе исчезнеше – рече Пенингер, додавајќи дека безрезервно ја поддржува вакцинацијата против вирусот ковид-19.

Поврзани содржини