НОВА МИЛИЈАРДА ЗА УКРАИНА Бајден испраќа напредни ракетни системи

Бајден информираше дека за новото оружје го известил украинскиот претседател Володимир Зеленски во нивниот телефонски разговор.

104

Претседателот на САД, Џо Бајден најави дополнително оружје за Украина, вредно милијарда долари.

Помошта вклучува „дополнително артилериско и крајбрежно одбранбено оружје, како и муниција за артилерија и напредни ракетни системи“.






Бајден информираше дека за новото оружје го известил украинскиот претседател Володимир Зеленски во нивниот телефонски разговор.

Нивниот разговор траел 41 минута, а Бајден најавил и дополнителни 225 милиони долари хуманитарна помош за украинските цивили. Меѓу другото, помошта вклучува снабдување со вода за пиење, критични медицински материјали, како и пари за основните потреби на жителите.

Поврзани содржини