НОВА МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА И ЛЕКОВИ ЗА КИЧЕВЦИ Видеолотарија се грижи за пациентите
Д-р Станко Трепески изрази благодарност до Видеолотарија Касинос Австрија за препознавањето на важноста на здравството и брзиот одговор на нивното барање.
Видеолотарија Касинос Австрија продолжува со својот активен придонес за унапредување на заедницата.
– Со директорот на ЈЗУ Општа болница Кичево, Станко Трпески го потпишавме договорот за донација во оваа болница. Парите од донацијата ќе бидат искористени за набавка на медицинска опрема и медицински материјал, неопходни за лекување на пациентите во оваа установа – велат од Видеолотарија.
Д-р Станко Трепески изрази благодарност до Видеолотарија Касинос Австрија за препознавањето на важноста на здравството и брзиот одговор на нивното барање.
– Видеолотарија Касинос Австрија го препознава здравството како еден од основите општествени столбови, па со оваа донација тоа го потврдивме уште еднаш. И во иднина ќе продолжиме да го негуваме трендот на општествено одговорна компанија, која грижливо придонесува за најранливите групи и највиталните сектори во нашата заедница – велат од Видеолотарија.