Нова лудорија објавена на „Тик Ток“! „Фраер“ со Ауди „дрифта“ на Водно (ВИДЕО)

Ова е уште едно од низата видеа кои беа објавени на „Тик Ток“, а на кое може да се забележи како несовесните возачи ги прекршуваат сообраќајните правила и прописи

2,550

Уште еден „фраер“ објави видео на социјалната мрежа „Тик Ток“ од лудувањето со неговото возило, овојпат на паркингот на Средно Водно.

Имено на видеото, кое според објавата се случило доцна во ноќта, може да се погледне како возач на Ауди „дрифта“ на снежната површина на празниот паркинг на Водно, притоа прикажувајќи ги перформансите на своето возило.






Ова е уште едно од низата видеа кои беа објавени на „Тик Ток“, а на кое може да се забележи како несовесните возачи ги прекршуваат сообраќајните правила и прописи, а притоа загрозувајќи го својот живот, но и животот на сите останати учесници во сообраќајот.

Претходно на оваа социјална мрежа можевме да видиме како возач со своето Бентли со поголема брзина влегува на плоштадот во Скопје. Потоа следеше видео во кое друг вози по велосипедска патека, а притоа избегнувајќи ја долгата колона во близина на булеварот Илинден во Скопје, како и возење со 290 км на час на автопатот Тетово- Гостивар.

Министерството за внатрешни работи неколку пати досега во претходните случаи излезе со соопштенија дека се санкционираат сите прекршување на сообраќајните правила и прописи, па се очекува и овојпат реакција од нивна страна за „лудувањето“ кое вчера се случи на Средно Водно.

 

@_ilioski##snow ##drift ##fyp ##viral ##audi ##quattro ##skopje ##vodno♬ original sound – ngopari

Поврзани содржини