НОВА „КВАНТНА“ ФОРМУЛА ЗА ПИ Овојпат напомош ни беа модерните компјутери

Тие добиле математичка низа популарна наречена и сума, означена со буквата Σ. Користејќи компјутерски модел, поточно, модел кој како на филм анимира како малите честички, помали од атомот се движат во овој квантен свет, произлегла низата која има решение Пи.

380

Кога ќе ги споиш дијаграмот на Фајнман, познат во атомската физика и Ојлеровата бета функција за расејување во теоријата на струни тогаш добиваш нова „квантна“ равенка за бројот Пи. Токму тоа го направиле двајца физичари во свој труд објавен во рецензираното списание Physical Review Letters, пишува ПопуларнаМеханика.

Тие добиле математичка низа популарна наречена и сума, означена со буквата Σ. Користејќи компјутерски модел, поточно, модел кој како на филм анимира како малите честички, помали од атомот се движат во овој квантен свет, произлегла низата која има решение Пи.






Пи е трансцедентален број со бесконечно многу децимали. Не е ни чудо што тој може да биде претставени од вакви бесконечни низи кои конвергираат кон неговата вредност – 3,14159…Во антиката тој бил проценет со дропката 22/7, а оттогаш се уточнува неговата вредност. Бројот Пи го претставува односот меѓу должината на кругот и должината на неговиот пречник.

Во раните 1970-ти дошла оваа идеја со низи со расејување. Научниците набрзо го напуштиле концептот бидејќи сè изгледало прекомплицирано. Но, со новата технологија научниците можат да симулираат вакви равенки.

Исто така, моделот на физичарите Арнаб Прија Саха и Анинда Синха ја намалува сложеноста на низата, таа има помалку членови, но ја има истата точност.

Софистицираното приближување овозможува вид на наноскопска работа со честички што на прво место ги инспирираше овие научници.

 

 

 

 

Поврзани содржини