🎥📷 НОВА КАЛЕДОНИЈА НА ЧЕКОР ДО ОПШТА ВОЈНА Франција итно испрати 500 специјалци
Во повеќедневните вооружени судири меѓу демонстрантите и полицијата загинале 10 лица, а повеќе од 200 се повредени.
Француската влада прогласи вонредна состојба во пацифичкиот остров Нова Каледонија по повеќедневните вооружени судири меѓу демонстрантите и полицијата!
Властите воведоа полициски час во главниот град Нумеа и го затворија главниот аеродром за комерцијален сообраќај поради најголемите немири на островот во Пацификот во последните 40 години. Тие исто така забранија јавни собири и продажба на алкохол, а забранета е и социјалната мрежа ТикТок.
— Pluton (@Pluton45873221) May 17, 2024
За време на немирите, според неофицијални информации, загинале 10 лица, а повеќе од 200 се повредени. На снимката се гледаат запалени згради и автомобили и блокади на патиштата. Меѓу загинатите наводно има и двајца француски жандарми.
Француското Министерство за внатрешни работи соопшти дека во Нова Каледонија веќе се присутни 1.800 полицајци и жандарми и дека пристигнуваат уште 500 припадници на специјалните сили RAID и GIGN.
Вонредната состојба ќе им овозможи на властите да воведат ограничувања за движење и да вршат куќен притвор и претреси.
Протестите на домородната заедница Канака, која со години се бори за независност и сочинува околу 40% од населението, започнаа во понеделникот поради гласањето во 17.000 километри оддалечениот француски парламент за измените на уставот на Нова Каледонија, кој ќе им даде право на глас на француските доселеници кои живеат на островите повеќе од 10 години. Домородното локално население смета дека на овој начин ќе биде лишено од влијание врз политичките процеси во државата.
– Во последните два дена видовме насилство од такви размери какви што не сме виделе 30 години во Нова Каледонија. Тоа на некој начин одбележува крај на 30 години мир. Народот Канак се противи на гласањето во Франција не само затоа што во Париз е одлучено без нив, туку затоа што сака тоа да биде дел од преговорите што ќе доведат до нов референдум за самоопределување – изјави за Си-Ен-Ен поранешниот генерален конзул на Австралија во Нова Каледонија, Дениз Фишер.
— Pluton (@Pluton45873221) May 17, 2024
Предложените уставни измени ќе додадат илјадници дополнителни гласачи во избирачките списоци на Нова Каледонија, кои не се ажурирани во последните триесетина години. Групите за независност велат дека промените се обид на Франција да ја зацврсти својата контрола над архипелагот.
Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин го обвини Азербејџан дека стои зад сепаратистите, додека изворите меѓу француските официјални лица тврдат дека антиколонијалната реторика на Азербејџан е главно инспирирана од Москва. Париз е многу иритиран што Азербејџан, со помош на Иницијативната група Баку, која ја основа пред една година, го критикува францускиот колонијализам и им пружа поддршка на приврзаниците на независноста на Нова Каледонија.
Многу демонстранти, наводно, веат азербејџански знамиња.
Upheaval in New Caledonia due to inequality & poverty — with “stark class/race bubbles” created by the well-off French settlers in their Pacific colony — a land of “yachts and squats”.
Insightful thread👇 https://t.co/fNt9SwQUX4 pic.twitter.com/15IjVAw4Tg
— Peter Cronau (@PeterCronau) May 17, 2024
Политико цитира француски разузнавач кој наведува дека активноста на Русија и Азербејџан во Нова Каледонија трае со месеци.
Нова Каледонија е една од десетината полуавтономни француски територии расфрлани низ Тихиот и Индискиот Океан. За Париз, Нова Каледонија е важна воено и геополитички, но и поради наоѓалиштата на никел.