Нова џиновска ѕвезда трепка во срцето на Млечниот Пат (ФОТО)
Кога научниците ќе најдат променливи ѕвезди кои не можат да се категоризираат, ги нарекуваат WIT (What is this) односно, „Што е ова“, така што најновата ѕвезда ќе го носи името VVV-WIT-08.
Британските астрономи забележале џиновска трепкава ѕвезда која е 100 пати поголема од Сонцето, а се крие во близина на срцето на Млечниот Пат.
Набљудувајќи со телескоп откриле дека во текот на стотина дена оваа огромна ѕвезда, која е оддалечена повеќе од 25.000 светлосни години, се затемнила за 97 отсто, а подоцна го вратила својот блескав сјај, објави „Ројтерс“.
Неочекуваното и драматично затемнување е најверојатно предизвикано од непроѕирната прашина на дискот што го блокира патот на светлината кон Земјата за време на ротацијата на планетите.
Доктор Леј Смит од Институтот за астрономија во Кембриџ, изјави дека сјајот на ѕвездата започнал да бледее во почетокот на 2012 година, а до април целосно исчезнала.
– Следните 100 дена се опорави и се врати во својот полн сјај и затоа кога ќе засвети, нам ни се чини како да дошла неочекувано – вели Смит.
Кога научниците ќе најдат променливи ѕвезди кои не можат да се категоризираат, ги нарекуваат WIT (What is this) односно, „Што е ова“, така што најновата ѕвезда ќе го носи името VVV-WIT-08.
Огромниот диск од прашина, предизвикува „трепкање“ на многу ѕвезди, па затоа ова откритие не се смета за ново. Непознато е кога VVV-WIT-08 повторно ќе започне да се затемнува, но астрономите веруваат дека тоа може да се случи од 20 до 200 години од сега.
Уште две светкави ѕвезди беа забележани по должината на VVV-WIT-08, но истражувачите сè уште немаат многу детали за нив. Појавувањето на вакви откритија ќе им помогне на астрономите да разберат повеќе за она што се смета дека е нова класа на „трепкави џинови“.