НОВА ГРАДИНКА НА МЕТА НА ВАНДАЛИ ВО БУТЕЛ Фатени додека се обидувале да ја сечат оградата со бонсек
Градоначалникот Костовски бесен: „До каде може да оди човечкиот памет?
Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, изрази револт поради обидот две лица да ја оштетат новата детска градинка во населбата Бутел 1. Тие беа фатени на дело додека со бонсек се обидувале да исечат дел од новата ограда пред влезот на градинката.
– Каков е тој порив кој те тера да оштетиш нова детска градинка!? До каде може да оди човечкиот памет!? – праша градоначалникот Костовски.
Според него, можно е овие лица да се исти кои претходно направиле голема штета на истата градинка. Полицијата веќе работи на расветлување на случајот, а градоначалникот ја пофали брзата и ефикасна реакција на новиот командир на Полициската станица.
– Апелирам до сите граѓани да го чуваме тоа што се гради. Општина Бутел се менува и напредува, затоа не треба да уништуваме нешто што треба да го оставиме на нашите деца – порача Костовски.