НОВА ЕСКАЛАЦИЈА И ПОКРАЈ ДОГОВОРОТ Ракети и сирени во повеќе земји

Експлозии, сирени и ракетни напади се пријавени во повеќе земји, и покрај договорот за прекин на огнот.

856

И покрај најавеното примирје меѓу Иран и Соединетите Американски Држави, во текот на ноќта и утринава се пријавени нови напади во повеќе земји на Блискиот Исток.

Американски медиуми, повикувајќи се на израелски официјален претставник, наведуваат дека Израел продолжил со напади врз Иран уште од утринските часови, објави Би-Би-Си. Ова доаѓа и покрај потврдите од Белата куќа и од Пакистан, кој посредувал во договорот, дека е постигнат прекин на огнот.






Експлозии биле пријавени и во Ерусалим, каде новинарите на BBC известиле дека „слушнале и почувствувале повеќе детонации“, по што биле издадени предупредувања до населението.

Во меѓувреме, сирени за тревога се огласиле и во Бахреин, а Министерството за внатрешни работи ги повикало граѓаните да се упатат кон засолништа.

Министерството за одбрана на Катар соопштило дека се пресретнати ракети насочени кон цели во земјата.

Истовремено, властите во Обединети Арапски Емирати информирале за ракетни напади и беспилотни летала што доаѓале од правец на Иран.

Во Саудиска Арабија, службите за цивилна заштита издале најмалку две предупредувања во рок од два часа. Според локалните извештаи од Ријад, по првото предупредување било соопштено дека ситуацијата е под контрола.

Поврзани содржини