НОВА ЕКСПЛОЗИЈА ВО ПАКИСТАН Нема информации што ја предизвикало
Индиските власти изјавија дека прекуграничната размена на оган малку се намалила во текот на претходната ноќ.
Експлозија утрово одекна во градот Лахор во источен Пакистан, но засега не се знае што ја предизвикало и дали е дел од конфликтот меѓу Индија и Пакистан објавија Geo TV , врз основа на изјави на очевидци.
Експлозијата се случи еден ден по индиските воздушни напади врз повеќе локации во Пакистан и стравувањата од ескалација на конфликтот меѓу соседите со нуклеарно оружје.
Се наведува дека во моментов нема информации за причината за експлозијата.
Индија вчера соопшти дека погодила „терористичка инфраструктура“ во Пакистан извршена во раните утрински часови, две недели откако ја обвини исламската нација за вмешаност во напад во индиски Кашмир во кој загинаа 26 лица – претежно хинду туристи.
Исламабад ги негираше обвинувањата и вети дека ќе возврати на ракетните напади, тврдејќи исто така дека соборил 5 индиски авиони.
Пакистан соопшти дека најмалку 31 цивил во земјата се убиени, а околу 50 се ранети во нападите и прекуграничното гранатирање што следеа, додека Индија вели дека 13 од нејзините цивили се убиени, а 43 се ранети.
Индиските власти изјавија дека прекуграничната размена на оган малку се намалила во текот на претходната ноќ.
Ројтерс објави дека Индија, исто така, спроведе вежби за затемнување во региони во близина на границата со Пакистан, вклучувајќи го и северниот град Амритсар, дом на Златниот храм почитуван од Сиките, во очекување на одмазда за нападите.