🎥НОВА ДРАМА НА АВИОН НА БОИНГ! При полетување капакот на моторот паднал и удрил во крилото, патниците ја снимиле паниката во авионот

Авионот требало да лета за Хјустон, а во него имало 135 патници и шест членови на екипажот.

393

Капак на моторот на авион „Боинг 737-800“ на компанијата „Саутвест Ерлајнс“ (Southwest Airlines) во неделата за време на полетувањето од аеродромот во Денвер падна и удри во крилото, поради што американската Федерална управа за авијација (FAA) отвори истрага.

Британските медиуми пренесуваат дека никој не е повреден на летот 3695 на компанијата „Саутвест“,  а авионот безбедно се вратил на аеродромот.






Авионот требало да лета за Хјустон, а во него имало 135 патници и шест членови на екипажот.

„Боингот“ се искачи на височина од 3.100 метри, а потоа се вратил во Денвер, 25 минути по полетувањето.

Поврзани содржини