НОВА DM ДРОГЕРИЈА ВО ОХРИД Се наоѓа на нова локација – во Ohrid Mall 

На 28 мај dm ги реотвора вратите на нивната дрогерија во Охрид, но на нова локација – во Ohrid Mall на ул. 15-ти Корпус бр. 1Б. Официјалното отворање на трговскиот центар ќе биде од 12:30 часот, додека вратите ќе бидат отворени за посетители од 14:30 часот.

737

Од оваа среда, ќе имате можност да уживате во уште една дрогерија со повеќе од 14.000 производи за сѐ што ви треба, од кои повеќе од 3.000 се од нивните сопствени трговски марки кои имаат германски квалитет во поволни цени.

Покрај цените „Секогаш поволно“, по повод отворањето, во период од 4 дена – од 28 до 31 мај ќе можете да уживате и во попустот од -15% на „Апсолутно сѐ!“






Дополнително, само на 28 мај, денот на отворањето, ве очекуваат и следните големи изненадувања:

– Подарок Balea гел за туширање, со секоја сметка над 500 денари

– Подарок dm торба за пазарување и Sanft&Sicher влажна тоалетна хартија, со секоја сметка над 999 денари

– Подарок пешкир, со секоја сметка над 1.999 денари

Покрај сите изненадувања, на денот на отворањето ќе бидете пречекани и во супер весела атмосфера со DJ.

Општествената одговорност на dm како компанија ни овој пат нема да биде изоставена. Дел од остварениот промет на денот на отворањето ќе биде дониран во хуманитарни цели.

– Зачувајте го датумот, направете список за пазарување и посетете ја новата dm дрогерија на 28 мај – повикуваат од компанијата.

Поврзани содржини