Нова „бомба” Мицкоски – Кичеец: Орце Камчев ја помагал ВМРО-ДПМНЕ?
Мицкоски ја потврди автентичноста на снимката, но изјави дека таа е монтирана за потребите на СДСМ.
На Јутјуб се појави ново продолжение од снимениот разговор меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, еден од главните актери во аферата „Рекет”, Зоран Милески-Кичеец и Слободанка Алексовска, поранешна директорка за човечки ресурси во болницата „Аџибаден Систина”.
Во оваа епизода, Мицкоски кажува дека му е многу благодарен на Орце Камчев како еден од ретките луѓе што му помогнал кога тој дојде на чело на партијата со огромни долгови. Партијата била пред исклучување од струја, парно, немале вода и кабелска телевизија. Тогаш Камчев им помогнал за долгот што ВМРО ДПМНЕ го имала кон неговата сестра.
Во бомбата се спомнува и новиот закон за јавно обвинителство.
– Ако помине вака како што мислат да помине, тој предмет не е завршен. Напротив, да знаете. Единствен којшто се бори во моментов сум јас – вели Мицкоски, а медиумите што ја преобјавуваат „бомбата” тврдат дека станува збор за предмерот „Империја”.
Христијам Мицкоски експресно изјви дека разговорот меѓу него и Милески е монтиран. Тој ја потврди автентичноста на разговорот, но рече дека тоа е само еден разговор, а се сечеле и се монтирале парчиња по потреба на СДСМ и Зоран Заев.
– Јас сум го кажал тоа и во разговорот, дека кога ја презедов ВМРО-ДПМНЕ пред точно 30 месеци, партијата беше во незавидна финансиска ситуација, со блокиран имот од истата онаа судијка Димишкова, која е сестра на оној адвокат Димишков, кој го слушавме како бара 6 милиони евра од познат бизнисмен за да биде ослободен од притвор. Да, во тој момент имавме сериозни потешкотии, нешто слично претпоставувам како што ќе ја затекнеме државата после 15 јули. Останатиот дел од разговорот сум го коментирал и во минатото дека мора да има правда и право, но она вистинско, а не онакво какво што им одговара на СДСМ и нљ Зоран Заев – истакна Мицковски.
Интересно е дека на вчерашната трибина на СДСМ во Охрид, Зоран Заев навести дека може да се појави снимка каде се дознава дека Камчев му помага на Мицкоски.