НОВА АВТОБУСКА ЛИНИЈА „2Б“ Ќе ги поврзува Сарај и Ченто
Со воведувањето на линијата „2Б” ќе се исполни повеќегодишното барање на локалното население од Ченто со цел подобра и директна побрзаност на населбата со јавен превоз со останатите делови од градот, информираат од ЈСП Скопје.
Нова пробна автобуска линија „2Б” почнува да функционира од денеска на релација с.Сарај до населба Ченто и обратно. Трасата на „2Б” ќе биде идентична со трасата на „2″ од Сарај до постојката Алкалоид во Автокоманда, потоа ќе продолжи по булевар Александар Македонски, па улица М.А.Ченто до населба Ченто (почетно-крајна станица на линиите 23 и 45)
По посочената траса ќе сообраќа и во обратна насока (Ченто – Сарај). Линијата „2Б” ќе функционира од понеделник до петок.
„Со воведувањето на линијата „2Б” ќе се исполни повеќегодишното барање на локалното население од Ченто со цел подобра и директна побрзаност на населбата со јавен превоз со останатите делови од градот“, информираат од ЈСП Скопје.