Нова атлетска трка HalkEco Хронометар 10KM

Почетокот на трката на 13 јуни ќе биде на кејот на Вардар, односно под мостот „Гоце Делчев“, од каде што тркачите ќе трчаат во правец на Карпош 4 и назад кон стартната позиција.

251

 

Сојуз на Спортови на Скопје и Атлетски Клуб „Работнички“ од Скопје ќе организираат нова иновативна атлетска трка на 10 км, HalkEco  Хронометар, на 13 јуни.






Оваа трка ќе биде поразлична од сите други досега заради тоа што има посебни правила и протоколи според препораките од владата и Комисијата за заразни болести, кои што ќе треба да бидат почитувани од сите учесници.

Трката е наречена по хронометар, точно мерење на времето на одредена должина на зададена патека, но со посебен старт на секој натпреварувач, како во велосипедизмот. Новитет е тоа што  натпреварувачот при пријавувањето, сам го бира времето за старт од 06:30:00 часот до 09:30:00 часот, при што временскиот интервал на старт помеѓу секој натпреварувач е 30 секунди, со цел да се даде доволно растојание помеѓу тркачите.

Почетокот на трката на 13 јуни ќе биде на кејот на Вардар, односно под мостот „Гоце Делчев“, од каде што тркачите ќе трчаат во правец на Карпош 4 и назад кон стартната позиција. Трката има ограничен број на учесници (360) и затоа е потребно брзо пријавување на сите заинтересирани тркачи. Пријавувањето е веќе во тек и ќе трае до пополнувањето на максималниот број на учесници.

Секој натпреварувач својот стартен број ќе го добие на својата домашна адреса, а за учество во трката ќе мора да ги почитува сите протоколи и правила кои се наведени на веб страната на трката. За најдобрите 5 тркачи во машка и женска конкуренција ќе има парични награди.

Секој кој што е заинтересиран да биде дел од новата атлетска трка „HalkEco  Хронометар 10КМ“ може да се пријави само онлајн. Сите информации за трката може да се најдат на www.hronometar10km.mk

 

Поврзани содржини
na