НОВ УСПЕХ НА ОЛИМПИЕЦОТ Дејан Георгиевски освои злато на Г1 Тирана Опен

156

Македонскиот теквондист Дејан Георгиевски стигна до нов златен медал, откако беше најдобар на Г1 Тирана Опен во Албанија.

Сребрениот олимпиец од Токио беше доминатен на турнирот во Тирана. Прво беше сигурен против Филипов Александар од Израел, додеака во големото финале славеше над Французинот Ел Омар, со 2:1.





Со овој медал Георгиевски уште еднаш потврди дека и оваа година е во одлична форма. Претходно, го освои сребрениот медал на Европските игри во Полска.

„Силен чекор напрад кон нова блескава историја за македонскиот спорт, ЛОИ во Париз 2024“, објави  Теквондо федерацијата на Македонија.

Поврзани содржини