НОВ УДАР ЗА КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО Што открија Меган и Хари во документарецот што го „тресе“ светот (ВИДЕО)

Излезе првата епизода од документарецот на Нетфликс за животот на Хари и Меган, кој е преполн со емоции.

617

Излезе првата епизода од документарецот на Нетфликс за животот на Хари и Меган, кој е преполн со емоции.

Нетфликс на официјалниот профил на Твитер објави и клип од првата епизода во кој Хари и Меган зборуваат за тоа кој доцнел на нивниот прв состанок, но гледачите повеќе ги интересирало нешто друго.






Во првата епизода, го гледаме Хари како се обраќа на камерата кратко откако тој и Меган во февруари 2020 година објавија дека се повлекуваат од кралскиот живот.

Тогаш на екранот почнуваат да се вртат насловите на деталите за нивната бомбастична одлука, а Меган вели: „Не знам ни од каде да почнам“.

„Никогаш не ни беше дозволено да ја раскажеме нашата приказна… до сега“, вели Меган во воведната епизода на Хари и Меган, која излезе на Нетфликс денес, додека Хари додава: „Никогаш не ни беше дозволено да ја раскажеме нашата приказна. Тоа е толку конзистентна одлука“.

Меган Маркл и принцот Хари изјавија дека нивната свршувачка во 2017 година била „оркестрирано реално шоу“.


„Моја должност е да го заштитам моето семејство“, вели Хари, додавајќи дека е „загрижен за безбедноста на своето семејство“, опишувајќи го новото ниво на јавна омраза кон Меган и нивниот син Арчи.

Во емотивна сцена, Меган вели дека само сака да „исплива на другата страна од ова“ и додава: „Не знам што да кажам“, пред да почне да плаче.

Да потсетиме, документарецот за животот на Хари и Меган излегува во шест дела, а трејлерот и тизерот кои беа објавени на Јутјуб собраа милиони прегледи.

Поврзани содржини