НОВ СОСТАВ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА РАЗВОЈНА БАНКА Магдалена Симоновска, Вјолца Ејупи и Милаим Амети избрани за членови
Надзорниот одбор врши надзор на работењето на Управниот одбор, ги одобрува политиките за вршење на финансиски активности и го надгледува нивното спроведување.
Развојната банка доби нов состав на Надзорниот одбор во кој се именувани Магдалена Симоновска, Вјолца Ејупи и Милаим Амети.
Нивниот мандат, како што информираа од Банката, почнува на 10 декември и трае 4 години.
Надзорниот одбор на Банката има 5 члена од кои едниот е претседател.
Надзорниот одбор врши надзор на работењето на Управниот одбор, ги одобрува политиките за вршење на финансиски активности и го надгледува нивното спроведување.
Членовите на Надзорниот одбор се и претставници на државниот капитал во Собранието на банката.