Нов сој на коронавирусот – ламбда, се шири во Латинска Америка

Пред една недела Светската здравствена организација ламбда сојот го вброи во категоријата „под набљудување“ бидејќи доведува до зачестено заразување и се појавува едновремено во повеќе земји.

747

Сојот Ц37, варијанта на коронавирусот од Андите или едноставно ламбда наголемо се шири во Латинска Америка. Можно е наскоро името на овој сој да биде на насловните страници ширум светот.

Пред една недела Светската здравствена организација ламбда сојот го вброи во категоријата „под набљудување“ бидејќи доведува до зачестено заразување и се појавува едновремено во повеќе земји. Поточно во 29, аседум од нив се латиноамерикански земји: Бразил, Колумбија, Еквадор, Мексико, Аргентина, Перу и во Чиле, пренесува Дојче веле.






Варијантата ламбда првпат се појавила во август во 2020 во Перу. Речиси една година подоцна, тој сој таму доминира со 82 отсто. Во Чиле тој сој ја предизвикува секоја трета инфекција.

Хаиро Мендез-Рико, експерт за вирусни болести при СЗО изјавил дека до сега нема индиции за агресивно однесување на ламбда сојот.

– Иако има можност за поголема стапка на заразување, сè уште немаме темелни истражувања за тој сој да го споредиме со варијантите гама и делта – изјавил тој.

Поврзани содржини