НОВ СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО РУСИЈА Издадено е предупредување за цунами

278

Утрово Камчатка ја погоди земјотрес со интензитет од 6,8 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во Тихиот Океан, на 279 километри од главниот град на тој руски регион, Петропавловск-Камчатски.

Регионалниот штаб на Министерството за вонредни ситуации објави дека цунами може да се приближи до регионот, а според пресметките на Центарот за следење и предупредување од цунами на Камчатка, можно е да погоди неколку региони, пренесува РИА Новости.






И покрај ниската висина на брановите, на граѓаните им беше советувано да се држат подалеку од брегот, а насоки добија и бродовите во крајбрежните води, кои стојат на отворено или во залив со широк влез и на сидришта.

На 30 јули, Камчатка го доживеа најсилниот земјотрес од 1952 година, со магнитуда од 8,8 степени.

Поврзани содржини