НОВ ШУМСКИ ПОЖАР МЕЃУ СКОПСКО И ВЕЛЕШКО Упатени се пожарникари да интервенираат

Синоќа се изгаснати пожарите кај Горно Матка и во Врапчиште.

238

Центарот за управување со кризи  (ЦУК) известува дека има дојава за пожар во месноста Ветерско, меѓу скопско и велешко. Кон пожарот се упатени територијални противпожарни единици, информира Илија Бојаровски од ЦУК.

Но, велат од ЦУК, генерално, во државата речиси и да нема активни пожари. Скопските и гостиварските пожарникари ноќеска имале само по една интервенција, а во Берово е изгаснат пожарот во месноста на планината Готен.






– До утрово имаме буквално стивнување на ситуацијата, но, секако, во државата има пожари. Главниот штаб на ЦУК е во постојано во заседавање и ја следи состојбата. Во Скопско на 150 километри од патот за Јасен, над селото Горна Матка, во 18.40 вчера бил изгаснат пожарот од страна на вработените во ЈП Јасен – информира Бојаровски.

Тој рече дека  поради специфичноста на теренот не се исклучува можноста од појавување на стари жаришта во зависност од правецот на ветрот.

Од Регионалниот центар за управување со кризи, РЦУК, Тетово, известуваат дека од територијалната противпожарна единица Гостивар ноќеска од 01.30 до 03.40 часот со едно противпожарно возило и тројца пожарникари интервенирале на запалена сува трева на поголема површина во општина Врапчиште.

– Во гаснењето на пожарот учествувало и дел од месното население – информира Бојаровски.

Поврзани содржини