Нов рекорд: Златото достигна највисока цена во евра и франци

Причината за тоа е што инвеститорите бараат безбедно засолниште за својот капитал, додека главните берзански индекси денеска загубија од својата вредност.

1,106

Денеска цената на златото ја достигна највисоката историска вредност во евра и швајцарски франци.

Причината за тоа е што инвеститорите бараат безбедно засолниште за својот капитал, додека главните берзански индекси денеска загубија од својата вредност.






Како и претходните денови, на тоа најмногу влијае проценките од последиците од пандемијата од коронавирусот на светската економија и намалувањето на производството на нафта, договорено помеѓу најголемите светски производители на најважниот енергенс.

Цената на златото денеска во евра се зголеми за 1,52 проценти или 1.563,3365 eвра за унца, додека во исто време драгоцениот метал во долари се тргуваше по 1,21 посто повисока цена за 1.704,65 долари за унца.

Во меѓувреме, вредноста на златото во швајцарски франци достигна историски највисока вредност. Имено, овој метал се тргуваше за 1.568,39 швајцарски франци за унца, што беше раст од 1,81 oтсто.

Златото во однос на франкот се зголеми за 13,5 проценти во изминатиов месец, а дури 36,72 проценти во последните 12 месеци.

Поврзани содржини