НОВ РЕКОРД НА ТЕСЛА За три месеци продадени 240.000 автомобили
Убедливо најпродавани во третиот квартал биле „модел 3/Y“ со вкупно 232.025 примероци, додека во исто време испорачани се 9.275 возила од „моделот S“ и од „моделот X“.
Тесла соопшти дека во периодот од јули до септември ширум светот испорачале 241.300 автомобили „модел Y „модел 3“, „модел S“ и „модел X“, со што ги надминале сите очекувања.
Компанијата планирала во тој период да продаде помеѓу 222.000 и 233.500 возила, пишува Inside EV.
Нивниот продажен резултат воедно е и нов квартален рекорд, претходниот изнесувал 201.250 автомобили и поставен е во второто тримесечје годинава.
Убедливо најпродавани во третиот квартал биле „модел 3/Y“ со вкупно 232.025 примероци, додека во исто време испорачани се 9.275 возила од „моделот S“ и од „моделот X“.
Кога станува збор за производството, во периодот јули-септември од фабричките ленти се симнати 237.823 автомобили од марката Тесла, од нив 228.882 примероци од „моделот3/Y“ и 8.941 примероци од „моделот S/X“.