Нов протест на ВМРО-ДПМНЕ, блокада пред МНР во 17 часот

Од партијата на Христијан Мицкоски најавуваат дека протестот ќе започне во 17 часот, поради, како што посочуваат оттаму, спречување на националниот срам што ѝ се подготвува на земјава, односно поради тоа што премиерот Зоран Заев и министерот Бујар Османи не откриваат за што се преговара со Бугарија.

725

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека денеска ќе одржи нов протест пред Министерството за надворешни работи, иако министерот Бујар Османи е во Брисел како дел од македонската делегација на Самитот на НАТО.

Од партијата на Христијан Мицкоски најавуваат дека протестот ќе започне во 17 часот, поради, како што посочуваат оттаму, спречување на националниот срам што ѝ се подготвува на земјава, односно поради тоа што премиерот Зоран Заев и министерот Бујар Османи не откриваат за што се преговара со Бугарија.






ВМРО-ДПМНЕ го повикува Османи јавно да покаже документот за кој се преговара со Бугарија, а тој, пак, одговори дека во среда ќе присуствува на седница на собраниската Комисија за надворешна политика, откако претседателот на ова тело Антонио Милошоски, му упати јавна покана да се обрати пред пратениците.

Денешниот протест ќе трае од 17 до 19 часот.

Поврзани содржини