НОВ ПРЕДЛОГ ЗАКОН ЗА ПОЖАРНИКАРСТВО НАСКОРО ПРЕД ВЛАДА Мисајловски најави решавање на долгогодишната проблематика

Инаку дел од платите на пожарникарите се обезбедуваат преку наменски дотации од буџетот на Министерството за одбрана. На ниво на државата 734 пожарникари се финансираат преку наменски дотации.

291

Нов Закон за пожарникарите во најбрз можен рок ќе биде доставен до Владата, изјави за МИА Министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

– Министерството за одбрана во периодот што следува ќе ги разгледа предлозите кои во изминативе неколку години работни групи од повеќе надлежни институции за оваа проблематика работеле на изработка на нов Закон за пожарникарство и во најбрз можен рок ќе излезе со предлог до Владата – вели Мисајловски.






Инаку дел од платите на пожарникарите се обезбедуваат преку наменски дотации од буџетот на Министерството за одбрана. На ниво на државата 734 пожарникари се финансираат преку наменски дотации.

Во агснењето на пожарите низ земјава учествуваат припадници на Армијата, но и еден воен хеликоптер.Прашан дали новите хеликоптери кои се набавуваат од италијанската фирма Леопард ќе се користат и за гаснење на пожари, Мисајловски со потврден одговор.

– Ве информираме дека хеликоптерите ќе бидат опремени со инсталација подготвени за гаснење на пожари – изјави за МИА Министерот за одбрана, Мисајловски.

Поврзани содржини