📷 📽 НОВ НАЛЕТ НА НЕВРЕМЕ ВО СКОПЈЕ Во градот е хаос, паднати паноа, дрвја, сообраќајот е парализиран

2,100

Од невремето кое вечерва го зафати Скопје во оперативниот центар на ЦУК стигнаа околу 70 пријави од 112 кои претежно се за паднати дрва во општините Аеродром, Гази Баба и во Центар.

Има и пријави за поплавени подруми и улици во Бутел и Ѓорче Петров. Сите пријави се пренесени на надлежни институции.






„Дел од оградата заедно со рекламно пано од железничкиот мост во Автокоманда паднале врз две возила во движење. Немаме имформации за повредени лица“, велат од ЦУК.

Од невремето има паднати дрвја во Кисела Вода и во Аеродром.

Нешто пред 21 часот Скопје по вторпат е зафатено од невреме.

 

Поврзани содржини