НОВ ЛАДЕН БРАН НИ ДОАЃА ОД СЕВЕР Велигденското утро ќе нѐ дочека со мраз и ветер

139

Во периодот пред и за време на Велигден територијата на Македонија ќе биде под влијание на значително поладен бран кој ќе се спушта од северот и од североистокот на Европскиот континент. Времето ќе биде значително поладно и променливо со повремено засилен до силен ветер од северен правец кој повремено и локално ќе достигнува брзина до околу 60 км/час и истиот најизразен ќе биде во Повардарието и во источните предели од Македонија. Повремено ќе има услови и за сосема слабо и локално проврнување на дожд а на повисоките  места и на планините над 1000 метри надморска височина ќе провејува слаб снег, особено во источните предели од Македонија.

Целата прогноза на Славчо Попоски може да ја прочитате на следниот ЛИНК.

 

Поврзани содржини