НОВ КОВИД ПРОТОКОЛ ЗА НОВИНАРИТЕ Настани ќе можат да следат само вакцинираните и прележаните

Задолжително е поседување на ковид сертификат за примени две дози на вакцини или потврда за прележан ковид не постар од 45 дена од денот на прележувањето, соопшти владиниот портпарол Мухамет Хоџа.

680

Владата на вчерашната седница го дополнила Протоколот за организирање на настани со медиско присуство, со измени кои се однесуваат за следење на настани на отворено и затворено од страна на медиумите и медиумските работници.

Измените се однесуваат на следењето на настани од страна на новинарите и медиумските работници.






– Задолжително е поседување на ковид сертификат за примени две дози на вакцини или потврда за прележан ковид не постар од 45 дена од денот на прележувањето – соопшти владиниот портпарол Мухамет Хоџа.

Поврзани содржини