НОВ ИЗВОЗ НА БРАКО За два дена испорачани 14 возила за одржување на хигиена
Во пратките се најдоа и неколку возила од моделите GM400ze GM424TR и GM400 кое од оваа година е достапно во целосна електрична верзија и e одлично осмислено и опремено возило со рачно управување кое со сите свои позитивни перформанси го освојува пазарот, додека моделот GM 424 TR е едно од најопремените возила дизајнирано за работа во секакви временски услови.
Компанијата БРАКО која произведува повеќе модели на возилата за одржување на хигиена во урбани средини „Грин Машинс“ за само два дена подготви и испорача вкупно 14 возила, од кои по 6 во Обединетото Кралство и САД и по едно во Полска и Хрватска.
– Клиентите во Англија, во Калифорнија во САД и во двете други европски држави го збогатија и обновија возниот парк за одржување хигиена на надворешни површини со најпродаваниот електричен модел GM 500ze и надградената верзија на GM 636 Stage V, којашто претставува нова генерација на возила, со потполно нови филтри за намалени издувни гасови – информираат од Компанијата.
Во пратките, додаваат оттаму, се најдоа и неколку возила од моделите GM400ze GM424TR и GM400 кое од оваа година е достапно во целосна електрична верзија и e одлично осмислено и опремено возило со рачно управување кое со сите свои позитивни перформанси го освојува пазарот, додека моделот GM 424 TR е едно од најопремените возила дизајнирано за работа во секакви временски услови.
– Благодарејќи на професионалноста, ангажираноста и посветеноста на инжинерско-техничарскиот кадар, БРАКО продолжува со континуитетот на производството на високо квалитетните урбани возила за одржување на хигиена и продолжува со испораки на возилата кон клиентите во целиот свет – велат од БРАКО.