НОВ ИНЦИДЕНТ ВО САД, САМО ДЕН ОТКАКО АГЕНТ ЗАСТРЕЛА ЖЕНА Две лица ранети од агент во акција во Портланд
Возачот и патникот избегаа, но беа пронајдени со прострелни рани и се поврзани со венецуелската криминална организација Трен де Арагва, соопштило американското Министерство за внатрешна безбедност. Во текстот се вели дека агентот пукал плашејќи се за својот живот.
Две лица се здобиле со прострелни рани откако агент на американската федерална служба отворил оган за време на акција во Портланд, соопштија властите. Инцидентот доаѓа само ден по убиството на 37-годишната Рене Гуд во Минеаполис.
Случајот со Гуд предизвика национални демонстрации против прекумерната употреба на сила.
Според Министерството за внатрешна безбедност, агенти на граничната патрола го запреле возилото на осомничени, но возачот се обидел да избега и да ги удри.
„Плашејќи се за својот живот, агент испукал истрел“, соопшти одделот.
„Возачот и патникот избегаа, но беа пронајдени со прострелни рани и се поврзани со венецуелската криминална организација Трен де Арагва.“
One of the people shot by DHS in Portland was a TREN DE ARAGUA MEMBER… what say you libs?pic.twitter.com/9bDZEsEJ8r
— Carl Higbie (@CarlHigbie) January 9, 2026
Полицијата во Портланд потврди дека маж и жена се хоспитализирани. Градоначалникот Кит Вилсон побара сите федерални операции во градот да се прекинат додека не се заврши истрагата.
– Не можеме да седиме мирно додека уставната заштита еродира и крвопролевањето расте. Портланд не е полигон за воени агенти – порача Вилсон.
Во вториот мандат на Доналд Трамп, политиката за депортации е заострена. Честите федералните рации, предзвикаа гнев кај дел од американските граѓани.