Нов гаф на Бајден, тој во честитките ги помеша Ѓукановиќ и Кривокапиќ

Претседателот на САД ја честиташе и четвртата годишнина од членството на Црна Гора во НАТО алијансата.

421

Американскиот претседател Џо Бајден му го честиташе на претседателот Мило Ѓукновиќ 13 јули, Денот на државноста на Црна Гора, но во честитките го помеша со премиерот Здравко Кривокапиќ.

Имено, Бајден во својата честитка вели дека било важно да се слушне „вашиот придонес за време на нашиот неодамнешен самит на НАТО во Брисел“, на кој не присуствуваше Ѓукановиќ, туку Кривокапиќ, а кој се одржа во средината на јуни во седиштето на НАТО.






Во својата честитка, Бајден, меѓу другото, напиша дека Соединетите држави „ќе продолжат да даваат силна поддршка на народот на Црна Гора во напредокот на евроатлантскиот пат и спроведувањето на реформите потребни за влез во Европската унија“.

Бајден ја честиташе и четвртата годишнина од членството на Црна Гора во НАТО алијансата.

Поврзани содржини