НОВ ДИРЕКТОР НА ЛАЈКА Е ВОЈИСЛАВ ДИМИТРОВСКИ Град Скопје вели дека истекол мандатот на Пешева
Пешева реагираше јавно за нејзиното разрешување оценувајќи го како партиска одлука.
Град Скопје ја разреши директорката на ЈП „Лајка“, Радмила Пешева, а на нејзино место го постави Војислав Димитровски, објави Вечерпрес.
Новиот директор е ветеринарен доктор и голем поборник за хуман третман на животните. Тој и претходно бил дел од тимот на „Лајка“.
Од Град Скопје велат дека не станува збор за разрешување, туку за истек на мандатот на поранешната директорка, Пешева.
Таа реагираше јавно за нејзиното разрешување оценувајќи го како партиска одлука, а доби поддршка и од колегите од Анима мунди.