НОВ ЧЛЕН НА СУДСКИОТ СОВЕТ ПРЕДЛОЖЕН СО 8 ГЛАСА „ЗА“ Албан Кадриу ја доби поддршката на комисијата
Комисијата за избори и именувања со осум гласа „за“ го предложи правникот Аљбан Кадриу за нов член на Судскиот совет, додека предлогот на Европскиот фронт беше одбиен.
Со осум гласа „за“, Комисијата за прашања на изборите и именувањата денеска го предложи Аљбан Кадриу од Тетово за нов член на Судскиот совет. Кадриу, дипломиран правник со положен правосуден испит, беше номиниран од пратеникот Беким Ќоку од коалицијата Вреди.
Комисијата го одби предлогот на пратеничката група на Европскиот фронт, која го предложи Арбен Исаку за истата позиција. Координаторката Рина Ајдари го образложи ставот на групата, но предлогот не доби поддршка.
Кадриу дипломирал и магистрирал на Правниот факултет при Универзитетот на ЈИЕ, а професионалната кариера ја градел во Владата, МВР и СВР Тетово. Во биографијата објавена на веб-страницата на Собранието наведува дека има солидни професионални резултати, дека ги исполнува условите за член на Судскиот совет и дека може успешно да придонесе во реформите во правосудниот систем.