НОВ БРАН СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ЌЕ ДОНЕСЕ 5 ДО 6 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ВО МАКЕДОНИЈА Се отвораат нови работни места и се модернизира државата
Граѓаните ќе добијат побезбедни патишта како и можност за полесно патување и транспорт на стоки. Владата на ВМРО-ДПМНЕ е посветена на стабилизирање на економијата, подобрување на стандардот на граѓаните и нивниот квалитет на живот, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на привлекување странски инвестиции и тоа е еден од главните начини за подобрување на економијата, отворање на нови работни места и модернизација на државата, се вели во соопштението на партијата.
„Најавена е инвестиција помеѓу половина милијарда и една милијарда, средства кои ќе финансираат проекти за изградба на локални, регионална и експресни патишта. Дел од тие патишта ќе бидат реконструирани, а дел ќе се градат. Граѓаните ќе добијат побезбедни патишта како и можност за полесно патување и транспорт на стоки. Владата на ВМРО-ДПМНЕ е посветена на стабилизирање на економијата, подобрување на стандардот на граѓаните и нивниот квалитет на живот. Ќе се гради Клинички центар во Штип, а болницата во Кичево ќе се гради на нова локација. Исто така, најавена е реконструкција на Клиничка болница Тетово, операционите сали и два нови оддели ќе бидат опфатени. Пругата Табановце-Гевгелија, која ќе биде дел од Коридор 10, во која патничките возови ќе се движат 160км/час, а карго по 110км/час. Ова е проект кој ќе натфрли помеѓу 3 и 3.5 милијарди евра. По основ на ова БДП оди нагоре, а јавниот долг се намалува. Граѓаните ќе добијат подобар пристап и квалитетно здравство и надвор од главниот град. По преговорите од страна на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за време на посетата на ОАЕ со странски инвеститори најавени се и нови проекти. Проекти на веќе постоечки локации во Охрид, откуп од сопствениците, и две нови локации. Попова Шапка Ски центар, локација кај Касарната за обележје, кое нема да биде само обележје на Скопје и Македонија, туку и регионот. Чебрен и Галиште, но и друг тип на објекти, соларни и нови ветерни централи, а институциите веќе се вклучени во процесите“, се вели во соопштението.
Овој инвестициски бран е помеѓу 2 и 3 милијарди евра за Македонија, наведено е во партиското соопштение.
„Владата на ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на привлекување нови странски инвестиции и отворање на нови работни места“, се вели во реакцијата.