НОВ АЛАРМ НА БЕЛГИСКОТО НЕБО Дронови кружеле над нуклеарната централа Доел

Операторот на електраната, компанијата „Енги“, соопшти дека леталата не предизвикале никакво нарушување во функционирањето на Доел. Сепак, белгиските власти ја засилиле воздушната и технолошката контрола во тој регион.

427

Белгиските безбедносни служби повторно ги кренале алармите откако синоќа три беспилотни летала биле забележани над нуклеарната централа Доел, сместена во близина на Антверпен. Инцидентот предизвикал загриженост бидејќи централата е дел од критичната енергетска инфраструктура, јави „Ројтерс“.

Операторот на електраната, компанијата „Енги“, соопшти дека леталата не предизвикале никакво нарушување во функционирањето на Доел. Сепак, белгиските власти ја засилиле воздушната и технолошката контрола во тој регион.






Пред неколку дена биле пријавени слични појави и над аеродромот во Лиеж, поради што воздушниот сообраќај бил привремено прекинат околу еден час. Белгиската полиција истражува дали зад овие летови стои организирана група.

Од друга страна, воените извори потврдуваат дека дронови биле забележани и над базата Клајне-Брогел, каде што, според неофицијални извештаи, НАТО складира американско нуклеарно оружје.

Германското Министерство за одбрана минатата недела најавило дека германските вооружени сили ќе ѝ помогнат на Белгија во зајакнувањето на одбраната од дронови и кибер закани.

Поврзани содржини