НОСАТ СВЕДОЦИ ЗА МИТО, А ГИ ОБВИНУВААТ ЗА НЕСОВЕСНО ЛЕКУВАЊЕ Адвокатот на Нино Васев реагира на контрадикторности во процесот „Онкологија“

Сведок рече дека дал поткуп, а најчудно во целата таа сторија на тој сведок беше дека на прашањето зошто не сте го пријавиле доктор Васев, рече не знаев каде да го пријавам. Па се знае кога некој ти бара поткуп каде се пријавува, во полиција, реагира Боби Спирковски, адвокат на обвинетиот ексдиректор на Клиниката за онкологија, Нино Васев.

149

Многу контрадикторни работи слушнавме денеска, од што е јасно само едно, дека сето ова е однапред договорено и осмислено, со заднина да им се наштети на обвинетите и да се донесат сведоци што ќе кажат вакви бомбастични работи, непоткрепени и неподдржани, изјави адвокатот Боби Спирковски, бранител на поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев, по денешното судење на Васев и двајца онолози за несовено лекување пациенти.

Прашан за коментар на изјавата на еден од оштетените сведоци дека имала проблем во обезбедување на терапијата и имале договор „да се почастат“ со Васев, адвокатот Спирковски рече дека најчудно е што сведокот не пријавил поткуп.






– Најчудно во целата таа сторија на тој сведок беше дека на прашањето зошто не сте го пријавиле доктор Васев, рече не знаев каде да го пријавам. Па се знае кога некој ти бара поткуп каде се пријавува, во полиција. Како што и тој правел, тогаш кога некои вработени биле фатени во кражба на лекови, пријавувал во полицијата – изјави Спирковски.

Адвокатот посочи дека денеска имало уште едно сведочење за барање пари од друг доктор во постапката, што според него го отвора прашањето зошто Обвинителството не ги обвинило лекарите и за примање на поткуп.

– Меѓутоа, сето тоа, толку неодредено. Прво, да разјасниме една работа – од правен аспект во оваа постапка не се води кривично дело давање и земање поткуп. Ако Обвинителството имало такви сознанија, а очигледно имало штом ги предлага токму овие сведоци што даваат таков драстичен исказ, зашто не ги обвинило лекарите и за примање поткуп? Зошто сега се оди со вакви сведоци, очигледно, однапред инструирани, бидејќи обвинителката точно знае какви прашања да постави, а ние немаме никаков записник од сослушувањето на тие сведоци. Ние, едноставно бевме фатени неспремни. Тоа не се прави, тогаш нема одбрана, не знаеме што се случило, а таа сè знае – нагласи Спирковски.

Тоа јасно укажува, додаде, дека се работи за конструкција и со една заднина да им се наштети на обвинетите и да се донесат сведоци што ќе кажат вакви бомбастични работи.

– Знаете, тој што дава поткуп еднакво одговара како оној што прима поткуп. И во оваа ситуација, ваквите сведоци се свесно изложени на кривично правен прогон. Ако тоа се докаже за доктор Нино Васев и за доктор Симонида Црвенкова, тие две што тоа го направиле, што го дале, подеднакво ќе бидат осудени како и докторите. Тоа некој требало да им каже. Судијката на почетокот ги опомена сите сведоци, ако се изложите на кривично правен прогон, тоа немој да го кажувате, а тие го кажуваат – изјави Спирковски.

 

Добивме и други сведочења, исто контрадикторни, додаде адвокатот.

– Бевте сведоци на првиот сведок што сè најдобро кажа за доктор Васев, и дека имале и фамилијарни врски и контакти во секое време, а на крајот на прашањето дали се приклучувате кон кривичниот прогон и кон барањето отштета, рече да. Па, ако сè било во ред, ако сте имале фамилијарни врски и лекувањето било добро, зошто се приклучувате на кривично правен прогон и притоа барате оштета? Мислам, исклучително контрадикторни работи – посочи Спирковски.

 

СВЕДОК ТВРДЕШЕ ДЕКА ДАВАЛ МИТО ЗА ЛЕК, АМА НЕМА ДОКАЗИ И НИКАДЕ НЕ ПРИЈАВИЛ Продолжи судењето за „Онкологија“

Поврзани содржини