НОСАЧОТ „ЏЕРАЛД Р. ФОРД“ ПОВЛЕЧЕН НА КРИТ Мора да ги санира штетите од пожарот на 12 март

Отстранувањето на Форд од операциите за кој било временски период значи помала поддршка од САД за воените напори - рече Даниел Шнајдерман, директор на програмата за глобална политика во Пен Вашингтон.

3

Американскиот носач на авиони Џералд Р. Форд го напушти Црвеното Море и се упати кон воено-поморската база Суда Беј на грчкиот остров Крит, каде ќе изврши поправки по сериозен пожар што избувна на бродот на 12 март, јави Ројтерс.

Носачот на авиони беше дел од големото засилување на американската војска на Блискиот Исток, кое го вклучуваше и УСС Абрахам Линколн. Кон крајот на февруари, САД и Израел започнаа масовна воздушна кампања против Иран. И двата брода, со десетици борбени авиони, играа клучни улоги во тие операции, а повлекувањето на Форд создава празнина за американските сили во регионот.






– Отстранувањето на Форд од операциите за кој било временски период значи помала поддршка од САД за воените напори – рече Даниел Шнајдерман, директор на програмата за глобална политика во Пен Вашингтон.

Носачот Форд помина речиси девет месеци на море. За време на таа мисија, тој веќе учествуваше во американските операции на Карибите, каде што американските сили извршија напади врз бродови за кои се сомневаше дека шверцуваат дрога, пресретнаа санкционирани танкери и го уапсија венецуелскиот лидер Николас Мадуро.

На 12 март, избувна пожар во пералната на бродот, при што беа повредени двајца морнари. Американската војска соопшти дека пожарот предизвикал и голема штета на околу 100 кревети. Според извештаите на американските медиуми, носачот на авиони, исто така, доживеал значителни проблеми со системот за тоалети за време на патувањето, што довело до блокади и долги редици.

Иако бродот формално остана оперативен и продолжи со дел од задачите во деновите по инцидентот, по направените проценки било одлучено привремено да се повлече од зоната на операции и да се упати кон Крит, каде што ќе се извршат неопходните технички зафати и логистичко снабдување. Американската морнарица нагласува дека пожарот не е резултат на напад, туку интерен инцидент, при што погонските системи на бродот не биле зафатени.

Џералд Р. Форд е најновиот и најголем носач на авиони во составот на американската морнарица и веќе околу девет месеци се наоѓа во континуирана мисија, што е една од најдолгите воени поморски мисии во поновата историја.

Сенаторот Марк Ворнер, потпретседател на Комитетот за разузнавање на Сенатот, остро ја критикуваше продолжената мисија на бродот.

– Форд и неговиот екипаж се доведени до крајни граници по речиси една година на море и ја плаќаат цената за неодговорните воени одлуки на претседателот Доналд Трамп – рече тој.

Поврзани содржини