📷 НОРВЕШКАТА ЕЛКА, ТАЖЕН КАКТУС СРЕДЕ ЛОНДОН? Британците коментираат, се јави норвешкиот дипломат во одбрана

Оваа година, елката на плоштадот Трафалгар предизвика лавина коментари во британската јавност. Многумина ја опишаа како „разочарувачка“, „тажен кактус“ или „дрво погодено од торнадо“. На ова реагираше шефот на норвешката дипломатија.

450

Норвешкиот министер за надворешни работи Еспен Барт Ејде се најде во центарот на вниманието поради, на прв поглед, едноставен подарок,  новогодишната елка што Норвешка традиционално ја испраќа во Лондон.

Оваа година, елката на плоштадот Трафалгар предизвика лавина коментари во британската јавност. Многумина ја опишаа како „разочарувачка“, „тажен кактус“ или „дрво погодено од торнадо“.






Ејде возврати со мирен тон, нагласувајќи дека вредноста на елката е далеку поголема од нејзиниот изглед.

– Многу сме горди на нашата елка и на оваа традиција – рече министерот, потсетувајќи дека дрвото не е обичен украс, туку симбол на длабоко пријателство меѓу Норвешка и Велика Британија.

 

Тој ја потсети јавноста дека традицијата започнала во 1947 година, кога Норвешка ѝ подарила елка на Британија како знак на благодарност за поддршката во Втората светска војна.

– Елката е непроценлив подарок и доказ за долгогодишното партнерство меѓу нашите народи – истакна Ејде.

Поврзани содржини