Норвешка најави тестирање за коронавирус по случаен избор

676

Властите во Норвешка најавија спроведување тестирање по случаен избор за коронавирус, по примерот на Исланд.

Официјални лица од Норвешкиот институт за јавно здравје велат дека ваквото тестирање може да обезбеди одговори на две прашања: колку луѓе кои покажуваат симптоми на болеста се навистина заразени со вирусот и зачестеноста на вирусот кај општата популација.






Тестирањето ќе се врши како во Исланд, земја со најголем број тестирани лица на коронавирус во светот.

Од 340.000 лица кои живеат на Исланд, 12.000 се тестирани на Ковид-19.

Поврзани содржини