НОРВЕШКА ГО ПРЕЗЕМА ЕВРОПСКИОТ ПАЗАР ЗА ГАС ОД РУСИЈА Лани извезла 124 милијарди кубни метри гас
Во 2025 година, вкупното производство ќе се намали благо, за 2,9%, на 120,4 милијарди кубни метри гас и ќе остане околу тоа ниво до 2027 година, проценува администрацијата. Во 2029 година треба да падне на 110,8 милијарди кубни метри, пресметаа тие.
Производството на природен гас во Норвешка, кое стана клучно за неутрализирање на загубата на руските испораки за Европа, достигна нов рекорд минатата година зголемувајќи се за 6,9% на 124 милијарди кубни метри гас, објави Норвешката управа за нафта.
Речиси целосното ланско производство, според податоците на управата, е извезени во Европа.
Со ова Норвешка го надмина претходниот рекорд од 122,8 милијарди кубни метри гас постигнат во 2022 година, кога започна војната во Украина.
Како последица на конфликтот во Украина, испораките на руски гас во Европа нагло се намалија, а Норвешка стана главен снабдувач со гас на стариот континент наместо Русија. Оваа скандинавска земја сека покрива 30% од потребите на гас во Европа.
Инвестициите во норвешкиот сектор за нафта и гас се очекува да достигнат 264 милијарди круни (22,5 милијарди евра) во 2025 година, што е највисоко ниво од 2014 година.