НОРВЕШКА ЌЕ Ѝ ГО ПЛАТИ ГАСОТ НА УКРАИНА Предлагаме да се искористат 205 милиони евра
Двете милијарди круни (околу 205 милиони евра) се дел од веќе ветената помош од 10 милијарди круни од Норвешка за Украина, што ќе бидат исплатени преку Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), која ќе има задача да го набави гасот.
Норвешка со две милијарди круни (околу 205 милиони евра) ќе ѝ помогне на Украина да обезбеди гас за претстојната зима, најави денеска норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе.
– Како резултат на војната, Украина има итна потреба од надворешна поддршка. Украина побара од Норвешка да преземе водечка улога за да гарантира пристап до енергија. Ние се согласуваме и предлагаме да се искористат две милијарди круни за да можат Украинците да купуваат гас оваа есен и зима – наведе Сторе.
Двете милијарди круни (околу 205 милиони евра) се дел од веќе ветената помош од 10 милијарди круни од Норвешка за Украина, што ќе бидат исплатени преку Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), која ќе има задача да го набави гасот.
– Нашиот придонес за набавка на гас главно ќе помогне да се обезбеди греење за болниците и училиштата во Украина оваа зима и можност за подготовка на топла храна – истакна Сторе.
Тој упати апел до другите европски земји да го следат примерот на Норвешка.