Ноле продолжува да соборува рекорди, ова е неговото ново достигнување

Ѓоковиќ на овогодинешниот Вимблдон исто така стана првиот тенисер кој забележал најмалку 75 победи на секој грен слем турнир.

1,028

Новак Ѓоковиќ стана играч со најголем процент на победи во Опен ерата во тенисот.

Српскиот тенисер со три победи на Вимблдон достигна 83,17 проценти од победите во кариерата. Така тој го симна од тронот шпанскиот тенисер и неговиот најголем ривал Рафаел Надал (83,15 проценти од победите).






Ѓоковиќ одигра 1.159 натпревари во својата кариера и славеше на 964 средби, а загуби 195 судири. Надал има 1.027 победи и 208 порази.

На третото место е Бјорн Борг со 82,36 проценти победи, а Роџер Федерер, според многумина најдобриот тенисер на сите времиња, е четврти со 82,02 проценти победи во кариерата.

 

Ѓоковиќ на овогодинешниот Вимблдон исто така стана првиот тенисер кој забележал најмалку 75 победи на секој грен слем турнир.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by US Open (@usopen)

Поврзани содржини