НОЛЕ ГО ОДРЖА ПРВИОТ ТРЕНИНГ По ослободувањето Ѓоковиќ се заблагодари на сите за поддршката (ФОТО)

Србинот на социјалните мрежи Твитер и Инстаграм сподели фотографија со својот тим на која напиша дека е благодарен на судот во Мелбурн кој му ја врати визата.

676

Моментално најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ извои голема победа против Австралија откако утрово беше прифатена неговата жалба за враќање на визата во земјата. Тој веќе одржал и тренинг на централниот терен во „Мелбурн парк“, а ја имаше и првата објава откако е на слобода.

Тој на социјалните мрежи Твитер и Инстаграм сподели фотографија со својот тим на која напиша дека е благодарен на судот во Мелбурн кој му ја врати визата.






– Задоволен сум и благодарен што судијата ми го поништи укинувањето на визата. И покрај сето тоа што се случи, сакам да останам и да се обидам да се натпреварувам на Австралија опен. Останувам фокусиран на тоа. Дојдов овде за да играм на еден од најважните настани што ги имаме пред неверојатните навивачи. Во моментов не можам да кажам ништо повеќе освен големо благодарам за сите што ме поддржаа – напиша Ѓоковиќ.

 

Поврзани содржини