📽️ НОБЕЛОВКАТА НА УЛИЦИТЕ ВО ОСЛО, А МАДУРО ПЕЕ „БИДИ СРЕЌЕН…“ Осло ја пречека Мачадо, но ќерката Ана ја прими наградата

Снимката од Мадуро за неколку часа стана хит на социјалните мрежи, а корисниците коментираа дека „ова е најциничниот одговор на Нобеловата награда во последните години“. Во меѓувреме, прогонетата опозиционерка Марија Мачадо успеа да стигне за да биде поздравена со овации на улиците во Осло. Сепак, наградата пред Комитетот ја доби нејзината ќерка Ана.

203

Снимки од народот во Осло кој ја поздравува добитничката на Нобеловата награда за мир, Марија Корина Мачадо, осамнаа на интернет. Мачадо, која долги години е под политички прогон во Венецуела, не присуствувала на доделувањето на наградата. Таа сепак пристигна во Осло за да биде пречекана на улиците.

Наместо да ја подигне, наградата во нејзино име ја прими нејзината ќерка Ана, пред преполната сала во Осло.

 






Но, додека Европа аплаудираше, на другиот крај од планетата, во Каракас, венецуелскиот претседател Николас Мадуро се појави во видео како пее „Don’t worry, be happy“, насмеан и разигран, повикувајќи за мир и национално единство.

Снимката од Мадуро за неколку часа стана хит на социјалните мрежи, а корисниците коментираа дека „ова е најциничниот одговор на Нобеловата награда во последните години“.

 

Мачадо на улица во Осло

Лидерката на венецуелската опозиција и нобеловка вчера пристигнала во Осло, неколку часа откако нејзината ќерка ја примила наградата.

Според извори на Ројтерс, таа тајно ја напуштила Венецуела поради закана за апсење. Со мал брод тргнала кон островот Курасао, од каде што со приватен авион полетала кон Норвешка.

Мачадо веќе подолго време има забрана за патување, наметната од венецуелските власти. Таа се крие повеќе од една година, но останала глас на отпорот и надежта.

„Мајка ми сонува за слободна Венецуела“

Од говорницата пред Нобеловиот Комитет во Осло, нејзината ќерка Ана Корина со треперлив глас изјави:

– Додека го чекам моментот повторно да ја прегрнам по две години, мислам на сите ќерки и синови што не ги гледаат своите мајки. Тоа ја води мојата мајка – желбата да живее во слободна Венецуела.

Публиката ја поздрави со стоечки аплауз.

– Таа никогаш нема да се откаже од таа цел – додаде ќерката на Мачадо, држејќи го златниот медал во рацете.

„Сполај ти“ од далечина

Нобеловиот комитет исто така објави аудио-снимка од телефонски разговор со Марија Корина Мачадо, во кој таа им се заблагодарува на Норвешкиот комитет и на народот на Венецуела.

„Оваа награда не е само моја. Таа е на секој човек што се бори за достоинство и демократија“, вели Мачадо во пораката.

Трамп ја ќари наградата од ФИФА, стана „пират“ 

Скандалот околу овогодишната награда започна уште пред свеченоста. Десетици светски лидери лобираа награда да му се додели на Доналд Трамп, тврдејќи дека спречил неколку војни.
Нобеловиот комитет, сепак, одлучи поинаку, наградата му припадна на симболот на отпорот против авторитаризмот.

Трамп, пак, не остана без признание, ФИФА му ја додели првата Награда за мир во спортот, воведена годинава.

Во исто време, односите меѓу САД и Венецуела се вжештија. Американската морнарица уништи неколку бродови осомничени за наркотероризам во Карипското Море, што Каракас го нарече „пиратски акт“.

Поврзани содржини