НОБЕЛОТ ЗА ЛИТЕРАТУРА ВО РАЦЕТЕ НА АБДУЛРАЗАК ГУРНА Бескомпромисна белетристика за бегалците од Африка
Иако понекогаш се наведуваат индивидуални дела како причина за добивање на оваа престижна награда, Шведската кралска академија, всушност, го зема предвид целиот труд и придонесот на авторот при изборот на победникот.
Абдулразак Гурна е овогодинешен добитник на Нобеловата награда за литература „за бескомпромисен и сочувствителен продор на ефектите од колонијализмот и судбината на бегалците во јазот меѓу културите и континентите“, пишува Данас. Гурна(73) избегал од родниот Занзибар и пристигнал во Англија во 60-тите, а најпознат е по романите „Рај“, „Букер“ и „Пустина“.
Гурна во моментов е професор и директор на постдипломски студии таму во рамките на Одделот за англиски јазик. Неговиот главен академски интерес е постколонијалното пишување и дискурсите поврзани со колонијализмот, особено кога станува збор за Африка, Карибите и Индија.
Од 1980 до 1982 година, Гурна предавал на Универзитетот Бајеро Кано во Нигерија. Потоа се префрлил на Универзитетот во Кент, каде што докторирал во 1982 година. Објавил десет романи и серија раскази. Темата за проблемот со бегалците се провлекува низ неговите дела.
Уредувал два тома „Есеи за африканското пишување“ и објавил написи за бројни современи постколонијални писатели. Тој е уредник на списанието „Васафири“ од 1987 година.
Иако понекогаш се наведуваат индивидуални дела како причина за добивање на оваа престижна награда, Шведската кралска академија, всушност, го зема предвид целиот труд и придонесот на авторот при изборот на победникот.
Нобеловата награда за литература беше доделена 113 пати помеѓу 1901 и 2020 година, односно беа доделени 117 поединци (101 мажи и само 16 жени). Делата на победниците беа напишани на 25 различни јазици.
Најмладиот лауреат беше англискиот писател, новинар, писател на раскази, поет и романсиер Родјард Киплинг, на 41 година, а најстариот е лауреатката Дорис Лесинг, која имаше 88 години кога беше наградена во 2007 година.