НОЌНО ПАТУВАЊЕ СО УДОБНОСТ НА АВИОНСКА БИЗНИС- КЛАСА Швајцарски автобуски превозник планира да им конкурира на авионите и возовите

Во автобусот има 21 седиште (18 на горниот кат и 3 долу), инспирирани од бизнис класата во авионите. Секое седиште може да се трансформира во кревет со притискање на копче, а на патниците им се обезбедени перници и ќебиња. Дополнително, достапни се приклучоци, маси, индивидуално осветлување, бесплатен интернет и мал простор за лични работи.

179

Швајцарската компанија Твилајнер (Twiliner) лансира ноќни линии што ги поврзуваат клучните туристички дестинации, нудејќи удобност што досега не беше достапна во автобускиот превоз. Првите линии се планирани за ноември 2025 година, а рутата ќе ги вклучува Швајцарија, Луксембург, Белгија, Холандија и Шпанија.

На почетокот ќе има две рути. Тоа се Цирих-Амстердам (со постојки во Базел, Луксембург, Брисел и Ротердам) и Цирих-Барселона (со постојка во Жирона). До 2028 година во план е да се поврзат 25-те најзначајни европски градови.






Компанијата нагласува дека нивните автобуси обезбедуваат одржлива алтернатива на авиолетовите на кратки релации. Патувањето е речиси еколошки прифатливо како патувањето со воз, со 85% помалку емисии на јаглерод диоксид (CO₂) во споредба со авионите.

Возилата користат HVO дизел, гориво добиено од отпадни масти и растителни масла, што дополнително го намалува негативното влијание врз животната средина.

Во автобусот има 21 седиште (18 на горниот кат и 3 долу), инспирирани од бизнис класата во авионите. Секое седиште може да се трансформира во кревет со притискање на копче, а на патниците им се обезбедени перници и ќебиња. Дополнително, достапни се приклучоци, маси, индивидуално осветлување, бесплатен интернет и мал простор за лични работи.

На долното ниво има бања со гардеробер (без тушеви) и мини-бар со грицки и освежителни пијалоци. Патниците можат да земат еден голем куфер до 23 кг и рачен багаж до 5 кг, додека велосипедите, скиите и даските за сурфање може да се додадат со претходна резервација.

Цената на билетот е 150 евра во една насока.

Компанијата планира да ги поврзе 25-те најголеми европски градови до 2028 година и на тој начин да создаде мрежа од ноќни автобуси што ќе бидат еквивалент на ноќните возови. За патниците од Балканот, ова значи дека во блиска иднина ќе имаат уште подобри врски со главните европски метрополи – со удобност, прифатливи цени и значително помал еколошки отпечаток во споредба со авион.

Поврзани содржини