НОЌНА АКЦИЈА НА „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“ Исчистена огромна депонија во Серава

Од ЈП „Комунална хигиена-Скопје“ апелираат до граѓаните да не го одлагаат отпадот непрописно, со цел зачувување на чистотата и естетиката на јавните површини во градот.

1,186

Екипите на ЈП „Комунална хигиена-Скопје“ извршија голема акција за чистење на дива депонија во населбата Серава, општина Чаир. Во текот на ноќта, од локацијата беа подигнати и транспортирани околу 35 кубни метри мешан комунален, кабаст и градежен отпад, кој претходно бил одложен на јавна површина.

Според претпријатието, ваквите „црни точки“ стануваат се почеста појава на јавните и сообраќајните површини во Скопје.






Во текот на минатата година, ЈП „Комунална хигиена-Скопје“ спроведе зголемен мониторинг преку својата Еко-патрола, која од јануари до декември 2024 година подготви и врачи 334 едукативно-информативни записници за граѓани и правни субјекти затекнати при непрописно одлагање отпад.

Од ЈП „Комунална хигиена-Скопје“ апелираат до граѓаните да не го одлагаат отпадот непрописно, со цел зачувување на чистотата и естетиката на јавните површини во градот.

Поврзани содржини
na